• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Запленети фалсификати во Куманово

by А1он01/07/2014 - 15:43102
Share0

Парфеми и облека, денеска запленија инспекторите на Зелениот пазар во Куманово при редовната контрола што ја спроведе владиното тело за заштита на интелектуална сопственост во делот на заштита на интелектуалната сопственост, повреда на авторските права и индустриска сопственост.

Добивај вести на вибер

– Десетина инспектори и МВР ги исконтролираа тезгите на пазарот во Куманово кои продаваат фалсификувани производи од познатите трговски марки како што се “Армани”, “Босс”, “Најк”, “Адидас” и други познати бренодви. По извршената контрола одземени се производите и донесени се во иснпекторатот. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава,, изјави Мите Костов од Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост.

Координативното тело извршило и редовни контроли во пет приватни здравствени ординации, три кабелски телевизии, пет геодетски друштва.

На пазарот при акцијата одземени се парфеми од различни брендови, рече Костов и најави дека акциите продолжуваат и во другите градови од Македонија.

Согласно законските прописи против прекршителите ќе бидат изречени соодвети казни. Во геодетските друштва и приватните ординации се работело согласно законот, во едната кабелска телевизија контролата покажала дека се работи согласно прописите, а во останатите две, информираа од Координативното тело се уште трае контролата. Постојаните контроли велат надлежните покажуваат резултати, особено во геодетеските друштва, во делот на поседување лиценциран софтвер, но најавија дека ќе следат дополнителни контроли во поглед на заштитата на интелектуалната сопственост.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен