Запленети девет килограми марихуана

Од:

Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) спречија обид за криумчарење околу девет килограми марихуана.

Како што соопшти Царинската управа, доцна синоќа, еден час по полноќ, на граничниот премин Богородица, за излез од државата се пријавил македонски државјанин – возач на патнички автомобил марка HUNDAI Santa-FE со македонски регистарски таблички. Согласно претходна најава од МВР, извршена е детална контрола на возилото со помош на царинско куче, при што во праговите од двете страни на возилото се откриени специјално изработени бункери во кои се пронајдени 10 пакувања обвиткани со самолеплива лента и стреч фолија. Во пакувањата е пронајдена непозната зелена тревкаста материја за која по извршеното вештачење е утврдено дека е марихуана со вкупна маса од 8,239 килограми.

Целокупниот предмет и лицето се предадени на МВР по што ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он