Запленети 9,5 килограми хероин на Деве Баир

Од:

Околу 9,5 килограми хероин вчера се запленети на граничниот премин Деве Баир. Станува збор за хероин со висока чистота, чија цена во малопродажба изнесува еден милион евра. Се претпоставува дека оваа количина е еднаква на 20 илјади дневни дози.

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов денеска на прес-конференција информираше дека дрогата е пронајдена во патничко возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски таблички управувано од косовски државјанин, кој доаѓал од Турција преку Бугарија.

Дрогата била сместена во предниот и задниот браник на возилото, а при распит на осомничениот утврдено е дека хероинот го набавил од Турција и требало да го пренесе до Косово.

Против осомничениот поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги.

Последниот ваков случај беше откриен на 16 септември на граничниот премин Табановце кога беа пронајдени 6,5 килограми хероин сокриени во специјално направени отвори во бандажите на македонски автомобил „фолсваген пасат“.

Би можело да ве интересира

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Уапсена е Аура Јазмин Кастро Руиз позната во криминалниот свет под псевдонимот „Кума“

Горан Наумовски