Запленети 68,5 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Од:

Околу 68,5 килограми марихуана пронајдоа царинските инспектори на граничниот премин Блаце, при контрола на комбе во специјално направен бункер.

Како што соопшти Царинската управа, завчера околу 22:30 часот на Блаце на влез во Република Македонија било запрено комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од Б.К., хрватски државјанин. При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за товар, бил пронајден специјално направен бункер. Во бункерот биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми.

Осомничениот Б.К. изјавил дека дрогата ја набавил од лице од Р. Албанија со намера да ја транспортира преку Македонија со крајна дестинација Германија, а за пренесувањето на марихуаната  требал да добие парична награда. Цената на западноевропскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема.

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он