Запленети 5 килограми златен накит на граничниот премин Блаце

Од:

Во текот на вчерашниот ден на граничен премин Блаце, во патничко моторно возило пријавено за излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречија обид за криумчарење на 5 килограми златен накит, информираат од Царинска управа.

– Имено, на 8 февруари 2022 година, на излез од државата, на граничниот премин Блаце, во попладневните часови за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин. При вршење на детална контрола, од страна на мобилните тимови, биле забележани неправилности во пределот помеѓу двете предни седишта, односно шуплината над ауспухот била затворена. Во внатрешноста на возилото, во пределот помеѓу двете предни седишта, пронајден бил отворот на специјално изработениот бункер, во кој се наоѓале 10 пакети со златен накит во вредност од 9.604.430 денари и вкупна тежина од 5097,59 грама, соопшти Царинска управа.

Златниот накит и патничкото моторно возило се привремено одземени, а пријавеното лице заедно со целокупната документација е предадено на Одделението за истраги во Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Горан Наумовски