Запленети 46 килограми марихуана, дилерот приведен

Од:

Полицијата во Тетово го приведе 54-годишниот тетовец Н.И откако вчера во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути изврши претрес во неговиот дом и помошни простории лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово и на улица „29 Ноември“, каде е пронајдена марихуана.

– При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење. Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија, соопшти денеска МВР.

Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, стои во соопштението, а во текот на денот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват