Запленети 243 килограми режан тутун

Од:

На 8 јули 2016 година на патниот правец Скопје – Куманово при вршење на внатрешна контрола, инспекторите од Одделението за истраги на Царинска управа, се обидоа да стопираат комбе со скопски регистарски ознаки, но возачот на комбето не застанал и се дал во бегство. Веднаш потоа, комбето било присилно стопирано и под придружба на царинските инспектори испратено на детален преглед во магацинот на Царинската испостава Куманово, информираат од Царинската управа.

„При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал никаква документација. Вкупната количина на пронајдениот режан тутун изнесува 243 килограми. Избегнатите давачки по основ на неплатена акциза и други давачки изнесуваат 503.687 денари.

За одземената стока лицето не приложи соодветен документ со што истата е пуштена во слободен промет без да бидат платени царинските и други давачки. Согласно закон стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети, а Царинската управа пртотив сторителот поднесе соодветна пријава“, стои во соопштението на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница