А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Запленети 100.000 евра на Табановце

by А1он03/06/2013 - 14:23145
Share0

Царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на 90 илјади евра и 28.300 дански круни на граничниот премин Табановце. Непријавените пари се пронајдени кај скопјанецот О.Р., кој вчера попладне на граничниот премин пристигнал со автобус, но на меѓуграничниот просторот одлучил да слезе од него и да ја помине границата пеш.

Добивај вести на вибер

Според директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, лицето го заобиколило цариникот кој во тој момент вршел преглед на возило и ја поминало пасошката контрола.Полициски службеник го стопирал десетина метри подолу и го вратил назад за да му изврши царинска контрола. Прашан дали има нешто да пријави, рекол дека со себе носи само личен лап-топ. При преглед на неговиот ранец, во два бели коверти, цариникот пронашол 100.000 евра и 28.300 дански круни (околу 4 илјади евра), информира на прес-конференција Каргов.

Против О.Р е поведена прекршочна постапка и му се вратени 10.000 евра, износ што според Законот за девизно работење може слободно да се внесе, а останатите 90 илјади евра и 28.300 дански круни (околу 4 илјади евра) се одземени.

Каргов истакна дека од почетокот на годината има чести заплени на девизи. Завчера на граничниот премин Деве Баир откриен е обид за нелегално изнесување на 15.900 евра. – Претходно, на 30 април на аеродромот Александар Велики откривме 54.000 непријавени шавјацарски франци, а денес исто така има акција на граничниот премин Блаце, каде oд почетокот на годинава откриени се 42 обид за нелегално пренесување преку граница на готови пари и хартии од вредност во различни валути, во противредност од околу 430 илјади евра, од кои 330.390 евра, 44.000 американски долари, 90.900 швајцарски франци, 13.700 бугарски лева и 28.300 дански круни. Покрај ова одземени се и чекови во противвредност од 99 илјади евра.

Од преземањето на надлежноста за решавање царински прекршочни предмети во 2008 година, Царинската управа има одземено над 2 милиони евра вкупно, од кои 1.530.140 евра, 149.350 долари, 437.000 швајцарски франци и 5.175 британски фунти. Од тие пари, со правосилни решенија трајно се одземени 334.880 евра, 7.100 американски долари, 182.900 швајцарски франци и 5.175 британски фунти.

Во случај на девизен прекршок, покрај мерката одземање на девизите, предвидена е глоба што се движи од 1.500 до 3.000 евра. Мандатната казна што му се наложува на прекршителот при откривањето на прекршокот изнесува 1.500 евра, кој износ се преполовува доколку ја плати во рок од 8 дена.

carina

Би можело да ве интересира

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

Горан Наумовски20/05/2025 - 12:17

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски16/04/2025 - 11:2816/04/2025 - 11:28

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Горан Наумовски06/04/2025 - 15:41

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Горан Наумовски25/03/2025 - 14:24

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он08/01/2025 - 15:58

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Горан Наумовски02/09/2024 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен