Запленета марихуана кај Радожда

Од:

Во полициска акција на влезот од струшкото село Радожда, на брегот на Охридското Езеро, синоќа била запленета марихуана, соопшти МВР.

– Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал, при Регионалниот центар за гранични работи Запад на вчера околу 21 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана, се наведува во соопштението.

Пронајдената марихуана, според информацијата, била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Северна Македонија.

– По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик, стои во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции