Запленет накит вреден 450 илјади евра

Од:

При детален преглед на рачниот багаж на турски државјанин во царинската подружница Аеродром „Скопје“ – патнички промет, на влез во Република Македонија, царинските службеници во патната торба пронашле непријавена стока – златен накит. Инцидентот се случил на 18 декември.

Запленетиот накит е од бело злато во комбинација со голем број брилијанти, кој, според наодот од страна на судски вештак, е квалификуван како ексклузивен златен накит со продажна вредност од 450 илјади евра.

Против осомниченото лице од страна на Царинската управа поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело шверцување, а од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Во врска со случајот Царинската управа соработува и со други царински администрации во регионот и пошироко, со цел обезбедување дополнителни информации за индициите што произлегоа од фактите утврдени во досегашната истрага, а кои наведуваат на сомнение дека осомниченото лице можеби дејствувало и во други земји, освен во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски