Запалениот камион сопственост на скопската фирма „Доел ЗМЗ Транс“

Од:

Камионот што изутрината се запали на превојот Плетвар е сопственост на скопската фирма „Доел ЗМЗ Транс“, марка Ман.

Камионот кој превезувал картонски кутии, целосно изгоре и за среќа немаше повредени, информира портпаролот на СВР Битола Магдалена Димитровска.

Изутрината околу 6:40 часот камионот кој се движел на патот Градско-Прилеп, на превојот Плетвар одеднаш се запалил.

Откако возачот забележал дека нешто гори, го запрел, се обидел да го изгасне огнот, но кога сфатил дека сам не може да се справил, пријавил во противпожарната единица во Прилеп.

Пожарникарите успешно се справиле со огнот, но камионот бил целосно уништен. Поради тоа, сообраќајот на превојот Плетвар беше во прекин од 7:05 до 7:50 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Магла на Плетвар, влажни коловози

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Тричасовен протест со блокада на Плетвар