Запалени возилата на братот и таткото на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева

Од:

Во штипската населба Сењак, на улицата „Борис Крајгер“ рано утринава опожарени се пет возила, од кои три целосно, а две делумно.

Меѓу трите целосно изгорени возила се и автомобилите на Никола Тушев, поранешен претседател на ОО на СДСМ Штип и на неговиот татко Мите Тушев, инаку брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева.

Никола Тушев за МИА вели дека во тек е увидот на местото на настанот, а во моментов е пристигната и екипа на крим техника од Скопје.

Тој вели дека настанот се случил по 5 часот рано утринава. Неговото возило и возилото на неговиот татко биле паркирани на сосема две различни места на паркинг просторот, палењето е извршено со молотови коктели.

Полицијата засега не открива детали, како се случил инцидентот. Најавија дека по завршување на истрагата ќе дадат подетални информации.

Во текот на изминатата година во штипската населба Сењак ова не е прв случај на палење автомобили.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски