Запалени 40 контејнери на „Комунална хигиена“ од почетокот на годинава

Од:

Непознати лица во јануари и февруари запалиле вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Од Јавното претрпријатие велат дека контејнерите се целосно уништени, а покрај финансиската штета што му е нанесена на претпријатието, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

„Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа“, порачуваат од „Комунална хигиена“.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он