Запален автомобилот на Ѓорги Галетеновски, претседателот на СДСМ Скопје и екс директор на ЗОО

Од:

Ноќеска, околу 3 часот по полноќ, целосно изгоре автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина.

Возилото било паркирано пред зградата во која живее во општина Кисела Вода. Граѓани слушнале детонации од пукнати гуми, а противпожарна екипа брзо интервенирала и го изгаснала огнот. Галетановски го потврди настанот.

– Да,возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал. Секоја чест на пожарникарите што пристигнаа за три минути и пламенот не ги зафати куќите. Апелирам до министерот и до Министерство за Внатрешни Работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба поради мирен живот во Скопје и цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери окулу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен, напиша Галетановски на социјалните мрежи.

Реагираше СДСМ.

– СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Галетановски назначен за претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје

Директорот на скопската Зоолошка градина поднесе оставка

Стоилковски: Директорот на Шилегов – Чомбе води група за уништување билборди и насилство, обезбедуван од полиција

Директорот на скопската зоолошка градина учествувал во тешка сообраќајна незгода

А1он