Запален автомобил на Драган Митковски, важеше за близок соработник на градоначалничката Арсовска

Од:

Во скопската населба Ѓорче Петров ноќеска бил запален автомобилот на Драган Митковски, кој важеше за еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски на последните избори беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.

-На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во јавноста се шпекулира дека односите помеѓу Митковски и Арсовска во моментов се заладени и порати тоа градноначалниката наводно сменила неколкумина директори на јавни претпријатија блиски до него.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он