Заострени мерки за влез во Црна Гора, задолжителен ПЦР тест

Од:

Врз основа на влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, црногорските власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Според најновата одлука која ќе важи од 02.01. 2022 год. до 12.01.2022 год, секој кој влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следните услови :

1. Лицето да е вакцинирано со пропишаниот број вакцини против корона вирусот, а од втората доза на вакцина да не се поминати повеќе од 6 месеци и едновремено со потврдата мора да поседува и негативен PCR тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа;

или

2. Доказ дека лицето преболело COVID-19 (да не е поминато помалку од 10 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот PCR или брзиот антигенски тест) и едновремено со доказот мора да поседува и негативен PCR тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа.

Деца под 18 години, се изземаат од мерките и за нив не се потребни ниту потврди за вакцинација или за прележана болест (ковид), ниту тестови.

Државјаните на Црна Гора и странците со регулиран престој можат да влезат во земјата без овие докази, но со определување самоизолација во траење од 10 дена, која е можно да биде прекината најрано 3 дена по добивање негативен PCR тест.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски