Заостанатиот долг за вода и смет може да се плати на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање

Од:

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска преку соопштение испратија потсетување до граѓаните кои се корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација –Скопје, како и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а кои што имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15.10.2018 година, заклучно со 03.11.2018 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот“, наведуваат од водовод и канализација во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Арсовска го казни со 90.000 евра градоначалникот на Кисела Вода за исфрлањето на сметот пред портите на „Дрисла“

Орце Костов

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Косана Мазнева: „Комунална хигиена“ успешно се справи со блокадите на мафијашките структури

Орце Костов

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска