Заменик претседателката Шекеринска на брифинг со амбасадори: Напредок во реформскиот процес, продолжуваме во интерес на државата и граѓаните

Од:

Заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Радмила Шекеринска денеска одржа работен состанок – брифинг со амбасадори и претставници на дипломатските претставништва на повеќе земји во Република Македонија.

Пред присутните, заменик претседателката Шекеринска зборуваше за напредокот на реформскиот процес, како и носењето и имплементацијата на реформските закони кои се во согласност со препораките на Венецијанската комисија, Европската комисија, ГРЕКО, препораките на граѓанските организации и стручната јавност.

-Огромен дел од работата е завршен, но се уште претстојат бројни предизвици и доста работа. Се посветивме на спроведување на Договорот со Грција, но не ги запоставивме ниту обврските со зацртаните реформи. Многу од донесените закони се консултирани со Европската комисија, со Венецијанската комисија, но и со опозицијата во парламентот. Продолжуваме со консултации, со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои дадоа значаен придонес во досегашниот процес, но ќе продолжиме да правиме напори за вклучување и на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел да добиеме што поширока поддршка за законите што треба да се донесат, особено оние кои се однесуваат на правосудството. Ќе продолжиме посветено да работиме на реформскиот процес што е во интерес на граѓаните и државата, посочи Шекеринска.

Шекеринска изрази задоволство од усвојувањето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со што се создава нова силна и независна Државна комисија за спречување на корупцијата, која преку зголемените надлежности и независниот состав, вистински ќе се бори против корупцијата и судирот на интереси.

Заменик претседателката Шекеринска им се заблагодари на амбасадорите за поддршката што нивните земји и ја даваат на Македонија во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО и во спроведувањето на Договорот од Преспа и изрази уверување дека Договорот ќе биде ратификуван и во Парламентот во Грција, по што ќе следува усвојување на Протоколот за членство во НАТО.

Присутните амбасадори и претставници на дипломатски мисии во државата, упатија честитки за успешното спроведување на Договорот од Преспа и напредокот на Македонија во интегративниот процес и истовремено изразија уверување дека Владата предводена од СДСМ ќе продолжи посветено да работи на реформите што обезбедуваат силни и независни институции, владеење на правото и ја приближуваат државата кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Москва испрати предупредување: Доколку дојде до конфликт со НАТО, последиците ќе бидат катастрофални

НАТО подготвува удар врз Русија

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

„Ајдинлик“: НАТО влегува во самитот во Анкара со сериозни поделби

Расмусен: НАТО се распаѓа

А1он

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО