Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка

Од:

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка.

– Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро, напиша Беџети во објавата.

Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив.

– Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам, напиша Беџети.

Би можело да ве интересира

Николовски се повлече, Вјолца Бериша ќе го води Земјоделство до доаѓањето на нов министер

Дополнителниот заменик министер е против малите производители на храна и малите винарии – реакција на Министерството за земјоделство

Остануваат уште две недели за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

А1он

Димковски потврди дека концесионерот на Охридското езеро ловел со мрежи и ги кршел законите

УПОЗ: Мобинг е однесувањето на дополнителниот заменик-министер Трипуновски

А1он

Димковски: МЗШВ не може директно да влијае на преговорите меѓу лозарите и винариите