Заменик-министерот за надворешни работи Точи на состанок на земјите-учеснички во ОБСЕ

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи Арта Точи денеска во Маербах, Австрија, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ОБСЕ.

МНР соопшти дека на состанокот кој се одржал во рамки на активностите на австриското претседавање, учествувале 29 министри и други високи претставници на 57 држави учеснички во Организацијата.

Точи во обраќањето се осврнала на негативните последици од насилниот екстремизам и радикализација кои водат до тероризам и потребата од зајакнување на заедничките напори во борбата против овие појави.

Насилниот екстремизам не може да се поврзе со било која религија или група. Младите се особено ранлива категорија во процесот на радикализација и регрутирање. Покрај мерките кои ги преземаат државите, постоењето на силно граѓанско општество и активен ангажман на младите, се важни фактори во борбата против екстремизмот и радикализацијата, посочила Точи.

Таа информирала и за активностите на Република Македонија на ова поле, при што меѓу другото, истакнала дека Владата неодамна донесе одлука за изработка на Национална стратегија и Акциски план за превенција на насилниот екстремизам и радикализација.

На маргините на состанокот, Точи имала повеќе средби на кои ги потенцирала заложбите на новата реформска Влада на патот кон силно демократско општество во кое владее правото и чии главни приоритети се членство во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани