Заматена водата за пиење во Неготино, задолжително превривање

Од:

Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија Тиквешијата изминатите денови придонесоа да дојде до заматување на водата за пиење која до граѓаните на општина Неготино доаѓа од регионалниот водовод Лукар, информираше денеска директорката на јавното претпријатие „Комуналец” од Неготино, Наташа Лазова.

– Врз основа на направените согледувања и мерења на нејзината заматеност, ги информираме граѓаните на општина Неготино дека е неопходно и се препорачува водата за пиење пред нејзината употреба задолжително да се преврива, соопшти таа.

Лазова додаде дека и покрај зголеменото присуство на хлор во водата од Лукар, сепак водата е сеуште заматена и токму затоа е потребно нејзино превривање пред употреба.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко