А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Законски измени за враќање на медицинските сестри во јавното здравство

by А1он08/12/2015 - 13:47103
Share0

Медицинските сестри, техничари и радиолошки технолози со средно, вишо и високо стручно образование ако сакаат, ќе можат да се вратат од приватното во јавното здравство. Ова го овозможуваат најновите измени на Законот за здравствена заштита што ги изготви Владата и кои се веќе во собраниска процедура.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти денеска ресорниот министер Никола Тодоров, законските измени се резултат на успешниот проект реализиран претходно со лекарите специјалисти, а целта е да се зголеми квалитетот на здравствените услуги зашто се работи за подготвен, искусен, обучен кадар.

За ваквата можност, нагласи Тодоров, веќе се поднесени најмалку 30 барања од медицински сестри.

– Услов за враќање на медицинските сестри, техничари и технолози е да имаат најмалку три години работно искуство во јавна здравствена установа или најмалку седум години во јавна или приватна здравствена установа која врши болничка дејност, подвлече министерот.

Следете a1on на Youtube YouTube

По усвојувањето на законските измени, ќе биде објавен оглас за изразување интерес на кој ќе бидат повикани да се пријават сите медицински сестри кои ги исполнуваат условите и кои сакаат да се вратат од приватното во јавното здравство.

– Очекувам да има голем интерес и уште повеќе да се зголеми квалитетот на здравствените услуги зашто се работи за подготвен, искусен, обучен кадар, истакна Тодоров.

Претходниот сличен проект кој се однесуваше на лекарите специјалисти, поттикна преку 200 од нив да се вратат во јавното здравство. Станува збор за лекари од 20 различни специјалности во 18 градови.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:3301/10/2026 - 15:13

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 14:07

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:3714/09/2026 - 13:24

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 09:13

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Горан Наумовски30/05/2026 - 15:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео