А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Законот за јазиците и денеска пред пратениците

by А1он20/09/2017 - 08:46198
Share0

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15. седница треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.

Добивај вести на вибер

Пратениците синоќа до доцна расправаа по овој закон и имаа поделени мислења за него. Опозицијата обвини дека законот е неуставен и со него се кршат процедурите, а се дискриминираат и помалите етнички заедници. За парламентарното мнозинство, пак, законот не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.

Пред продолжението на 15. седница, Собранието ќе ја одржи 16. седница на која ќе расправа по измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип со кој со анекс на договорот се предвидува продолжување на рокот за изградба на овој патен правец. Пролонгирањето на изградбата нема да има дополнителни финансиски импликации врз Буџетот.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во понеделникот изјави дека со Анексот на договорот што го усвои Владата се предлага рокот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип да се продолжи до крајот септември следната година. Дополнителен рок го побарал изведувачот, бидејќи не успеал да ја заврши изградбата до 1 мај годинава.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен