Законот за јазици во фиока – Нема рок во Уставот за Иванов да го потпише указот

Од:

Членот 75 од Уставот пропишува дека во Македонија законите се прогласуваат со указ. Указот може да го потпишат претседателот на државата и претседателот на Собранието. Ако Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, но за тоа нема предвидено законски рок, што остава простор претседателот Иванов никогаш да не го потпише указот за прогласување на спорниот закон за употреба на јазиците, кој вчера го изгласаа пратениците. Третиот став од членот 75 од Уставот, пишува дека претседателот е должен да го потпише указот, само доколку законот е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, што во врска со законот за употреба на јазиците не е случај. Законот се смета за дефинитивно донесен само тогаш кога претседателот на Републиката, со свој потпис ќе го парафира указот за негово прогласување. Потоа се пристапува кон објавување.

Во однос на можноста која се заговара кај дел од општата јавност дека постои можност Џафери да го потпише указот на местот на Иванов, членот 82 од Уставот, пропишува дека функцијата претседател на државата ја врши претседателот на Собранието, само во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката. Дел од правнците кои ги консултираше „Макфакс“ потврдија дека не паметат случај кога е донесен закон, а тој претходно да не биде потпишан од претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав

Предраг Петровиќ

Меџити не сакал да влијае ама прати порака: Членовите на Уставниот суд да размислат со трезна глава околу Законот за употреба на јазиците

ВРЕДИ: Иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар

Уставниот суд ќе распарава за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Со фолк хитови пред МАНУ се бараше укинување на двојазичноста

Искра Манојлоска