Законот за јазици пред пратениците, неизвесна разврската за амандманите

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е и за Законот за употреба на јазиците, за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.

Засега нема информации дали пратениците ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Парламентот или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница, јави МИА.

Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите.

Законот за употреба на јазиците беше тема и на неделната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот истакна дека во однос на законот за употеба на јазиците се далеку од позиците.

– Предлогот да се формира работна група која со уставни експерти би ги толкувале уставностите на самиот закон апсолутно е неприфатливо. Прво од принципиелни и прагматични причини, а тоа е дека постои Уставен суд во РМ и ако нешто е неуставно тоа треба да го каже Уставниот суд. Параламентот ги гласа законите, претседателот го употеби своето право на вето и го врати законот. И навистина ова законско решение е неовозможено право на помалку бројните заедници треба да се овозможи, а потоа постои Уаставниот суд ако навистина тврдат дека е неуставен. За нас законот е уставен и апсолутно не треба да го доведеме Парламентот во ситуација да ги толкува уставноста или неуставностите, истакна Заев.

За Законот за употреба на јазиците, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повторил ставот на партијата дека тој е неуставен и неприменлив, и оти мора да се испочитуваат Деловникот и законите.

На дневен ред на 32. седница, меѓу другите, се и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини и на Законот за земјоделско земјиште, двата по скратена постапка чии предлагачи се пратеници од владејачкото мнозинство. Пратениците треба да ги донесат и измените на законите за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица и на пратеници, со кои се намалува надоместокот за патни трошоци на пратениците и други именувани избраи лица, а треба да се гласа и за финансиски планови за 2018, предлог-одлуки и годишни извештаи.

За утре е закажано и продолжение на 11. седница која има заостанато една точка на дневниот ред и тоа измени на Законот за заштита од пушење.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски