Законот за државјанство оди во Собрание, му ставија и европско знаменце

Од:

Скопје, 13 јули 2021 (МИА) – Владата на денешната 87-ма седница на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, во кој вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини до Собранието ќе биде доставен со европско знаменце.

Како што соопшти владината Прес-служба, основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.

На денешната седница Владата ги утврди и текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.

– Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за полиција, во насока на постапување по препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот. Препораките од Извештајот на ГРЕКО се насочени кон зајакнување на можностите на земјата за борба против корупцијата, особено во однос на транспарентноста, интегритетот и одговорноста на вработените во јавниот сектор и институциите. Во таа насока е препораката која се однесува на одредбите од Законот за полиција за воспоставување објективни и професионални критериуми за назначување на директорот на Биро за јавна безбедност, кои одговараат на потребите на таквата позиција, се додава во соопштението.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се регулираат и конкретни евиденции што ги води Полицијата, а се однесуваат на oтпечатоци од папиларни линии; ДНК профили и фотографии од лица со рокови за нивно чување.

– Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за внатрешни работи, кои исто така произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, кои што се однесуваат на оперативната независност на полицијата, на воведување на Тест за интегритет за лица кои се вработуваат во Министерството за внатрешни работи, како и на континуирана проверка на интегритетот на работниците во Министерството на политички неутрален начин, и се врши допрецизирање на одредбите за засновање работен однос во Министерството за внатрешни работи без јавен оглас односно преземање на работници од други државни органи согласно конкретни критериуми, воведување обврска за работниците за пријавување на имот и интереси, како и ревидирање на дисциплинските процедури во Министерството, информира владината Прес-служба.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови