Законот за бранители повторно ја блокираше собраниската Комисија за Социјална политика

Од:

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска не одржа седница откако нејзината претседателка, Илире Даути, не го прифати предлогот на пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ дневниот ред да се дополни со Предлог-закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства.

Даути ја прекина седницата, како што рече „бидејќи нема разбирање“ и рече дека за нејзиното одржување дополнително ќе биде соопштено.

-Вие повторно барате да се стави точката на дневен ред, но ние имаме сосема различни ставови. Тоа е политичка тема, треба сите страни да се инволвираат за да се разгледа. Имаме заедничка држава и имавме мото „Едно општество за сите“. Но, лошото е што вие не разбирате дека борците на ОНА треба да се третираат на ист начин како што предлагате во овој закон. Таа дебата не е за тука, туку за друго место, рече Даути.

Тренчевска реплицираше дека точката што ја предлага треба да се стави на дневен ред за да може да се дискутира за различните ставови.

-Никој не ви пречи и согласно Деловникот имате право да поднесувате и вие предлог-закон за вашите ставови. Тоа е став на Социјалдемократскиот сојуз и го поднесовме овој Предлог-закон, а вие имате обврска, согласно Деловникот, да го ставите на гласање како дополнителна точка на дневниот ред, рече Тренчевска.

На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади имаше две точки: Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог-одлука за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Раскол во собраниската Комисија за социјална политика поради Законот за бранители, седница не се одржа

Катерина Ѓуровски

„Левица“ поднесе кривична против Гаши, СДСМ не се откажува од законот за бранители, ВМРО-ДПМНЕ велат презеле чекори да се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Гаши: Комисијата за социјална политика ќе треба да одлучи за Законот за бранителите

Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине

СДСМ бара Гаши да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии