Законот за бранители не пројде на дневен ред во Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Од:

По два час и неколку паузи, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го усвои дневниот ред на петата седница. Пратениците почнаа со разгледување на прашања во врска со спроведувањето на Деловникот на Собранието при работа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот за надзорната расправа закажана за 25 февруари 2025 година, и давање на мислење за разрешување на спорните прашања.

Претходно, пратеникот Јован Митрески од СДСМ побара на дневен ред да се стави разгледување на прашања во врска со спроведување на Деловникот на Собранието од страна на претседателот на Собранието во врска со примената на член 126 став 3 и давање на мислење за разрешување на спорните прашања во врска со т.н. Закон за бранители и неговото не ставање на дневен ред на Комисијата за труд. Предлогот на Митрески не беше прифатен.

По барање на Борислав Крмов од Левица, следуваше 30 минути пауза. Тој рече дека побарал присуство на собранискиот претседател Африм Гаши, затоа што тој е задолжен околу Деловникот, да ја слушне материјалната расправа.

-Тој не е е тука и барам пауза да пробаме да обезбедиме негово присуство за да ја слушне материјалната расправа што ќе продолжи по паузата, рече Крмов.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба