Законот за безбедност во сообраќајот на собраниска седница

Од:

За возење без сигурносен појас, возачите во иднина ќе плаќаат глоба од 40 евра во денарска противредност или пак ќе им бидат впишани 25 негативни поени во возачката книшка. За непропуштање на пешаци казната ќе достигнува до 200 евра во денарска противредност.

Ова се мал дел од одредбите на Предлог- законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање кој е на се на дневрн ред на денешната 63.седница.

Мобилен телефон додека возачот управува со возилото не смее да користи, освен ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Глобата за зборување на мобилен телефон е предвидува да изнесува 40 евра или 25 негативни поени.

Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило. Глобата за попречувачите на возачите е предвидено да изнесува 50 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска