Законите за основно и средно образование за уредување на работењето во услови на вонредни околности утре на собраниска седница

Од:

Во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка, што се веќе доставени во Собранието, и за чие носење претседателот на Парламентот закажа седница за утре за во 11 часот. Како вонредни околности, во законите, се наведуваат прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди.

Талат Џафери закажа пленарна седница, но се уште нема термин за одржување на собраниската Комисија за образование, која треба да се изјасни за предлозите на Владата. Од Собранието велат дека пратениците денеска мора да се организираат и да ја одржат седницата пред утрешната пленарка. До најавениот почеток на учебната година во основните и средните училишта остануваат помалку од две недели, а со овие законски текстови треба да се уреди одвивањето на наставата во услови на пандемија односно одвивање на настава онлјан, со физичко присуство и комбинирано.

Со овие измени на законите за основно и средно, чиј предлагач е Владата, се предвидува во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што одлучува Владата, а одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на републиката или на нејзин дел.

-Се додава и нов став 5, кој уредува дека во услови на вонредни околности бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови, зашто одлучува Владата. Ставот 6 станува став 9 и се регулира дека воспитно – образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен во случај на настапување на вонредни околности (прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), зашто одлучува Владата која го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, но не помалку од 100 наставни денови, според скратени наставни програми, кои на предлог на Бирото, ги утврдува министерот, се наведува, меѓу дургото, во образложението на измените на Законот за основно образование.

Исто така се предвидува во услови на вонредни околности училиштата да организираат воннаставни активности за учениците поврзани со нивниот личен, социо-емоционален и психолошки развој. За учеството во овие воннаставни активности во вонредни околности се предвидува наставникот да води само евиденција за присуство на учениците, и не се издава додаток на сведителство.

Во основното училиште во услови на вонредни околности, кога наставата е организирана преку далечинско учење, може да се организира настава со физичко присуство на учениците доколку се исполнети критериумите и условите согласно здравствените протоколи за соодветниот вид на училиште донесени од Владата согласно закон, епидемиолошката состојба на подрачјето на општината на која се наоѓа училиштето, бројот на учениците во паралелката и просторните и хигиенско санитарните услови во училиштето, на начин согласно членот 50 од овој закон.

Во средните училишта ќе може да се организира настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Во вакви околности, како што се предвидува, за времетраењето на часот и за максималната бројка на ученици во паралелките во основното и во средното образование ќе одлучува исто така Владата.

Со овие законски одредби, како што се наведува, треба да се обезбеди безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата и тоа за учениците, наставниците и другиот ненаставен кадар, како и за родителите. Кадарот треба да се подготви за тоа како да се одржува хигиена и дезинфекција, да се организира движењето на учениците, да се распореди мебелот во училницата за да ја има потребната дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метар, организиран надзор од страна на наставниците, стручните соработници и административно-технички кадар, согласно препораките дадени од Министерството за здравство-Комисијата за заразни болести, трансформирана педагогија преку подготовен инклузивен и флексибилен распоред на часови преку кој се реализира наставниот план кој води до наставни практики кои ќе обезбедат постигања соодветно на индивидуалните можности на учениците. Исто така, треба да се изгради училишна клима, структури и организација каде инклузијата, грижата, почитта и холистичката поддршка имаат централно место во мисијата на училиштата, како и да се пренесат моменталните сознанија за тоа како се пренесува и колку е сериозен КОВИД-19 кај децата и како да се одржуваат мерките за превенција и контрола на КОВИД-19, се наведува во предложениот закон, во делот на Последици што ќе произлезат од предложените решенија.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови