ВИДЕО: Законите за минимална плата и за стечајците на дневен ред во Собранието

Од:

Законот за минимална плата, Законот за стечајците и Законот за укинување на радиодифузната такса во текот на денот се очекува по скратена постапка да бидат усвоени од страна на Собранието.

Предлагачи на овие закони се Томислав Тунтев од СДСМ, Ејуп Алими од ДУИ и Весел Мемеди од НДП.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев пред пратениците во Собранието и пред јавноста образложи дека законите не можеле да се донесат во редовна постапка бидејќи Собранието веќе долго време работело со забавено темпо.

Тунтев ја повика опозицијата да даде поддршка за овие закони.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска