Заклетва на 24. генерација војници на доброволно служење во АРМ

Од:

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска свечена заклетва дадоа 227 војници, меѓу кои и 14 девојки, од 24. генерација војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија (АРМ).

Свечено дадената заклетва на младите војници им ја честита министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој потенцира дека со овој чин тие се обврзале да го чуваат и бранат уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служат на народот.

– Вие ја претставувате базата за понатамошна селекција за идни професионални војници во нашата Армија. Имате можност да станете дел од одбраната на нашата татковина, потенцира министерот Јолевски.

Командантот на Командата за обука при велешкиот гарнизон на АРМ, полковник Љупчо Костовски честитајќи им ја свечено дадената заклетва на младите војници им порача со дисциплинирано однесување да бидат пример за градење на цврсти меѓучовечки односи.

– АРМ е заедничка вооружена сила на сите граѓани на Република Македонија и тука нема место за каква било национална, партиска, верска или која било друга подвоеност. Војничката средина овозможува подобро да ги запознаеме другите, нивните обичаи, култура и традиција. Тоа е богатството наследено со векови кое треба да го чуваме и негуваме, потенцира полковник Костовски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он