Закажани две собраниски седници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи нова 93. седница, а ќе ја продолжи и 91. седница.

Во рамки на 93. седница пратениците треба да распораваат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за  Националната рамка на квалификации,  на Законот за ученичкиот стандард, на Законот за учебници за основно и средно образование, на Законот за Бирото за развој на образованието, на Законот за образование на возрасните, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за основното образование, на Законот за средното образование, на Законот за високото образование, на Законот за студентскиот стандард, на Законот за Академијата за наставници, на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, на Законот за просветната инспекција,  на Законот за спортска академија, на Законот за научно-истражувачката дејност, сите во скратена постапка.

По завршување на оваа, пратениците ќе продолжат по дневниот ред од 91. седница. Треба да расправаат по Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај и Предлог измените и дополнувањата на Водостопанска основа на Република Македонија за акумулација Јагмулар на реката Брегалница.

На дневен ред се и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, Предлог на одлука за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година,  Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2016 година,    Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување  за 2016 година,   Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2016 година,    Предлог на одлука за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година, Предлог одлука за давање согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година и   Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на  Македонската радио телевизија за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски