Закани за Амди Бајрам или ново сценарио?

Од:

Собраниската седница на која се расправа за измените и дополнувањата на Изборниот законик е прекината по изјавата на пратеникот Амди Бајрам дека му се закануваат од СДСМ.

Прекинот дојде сред дискусијата на Горан Мисоски од НСДП кој од говорницата зборуваше дека власта не сака измени во изборниот законик и кој покажа транскрипти во кои е наведено дека во штабот на Љубе Бошкоски на денот на гласањето му биле донесени фалсификувани ливчиња што укажува дека се работи за фалсификуван процес.

Амди Бајрам почна да вика дека му се закануваат од СДСМ и дека добил порака за ликвидација, меѓутоа не покажа смс порака, а според опозицијата Бајрам ја соопштил заканата откако претходно од власта му дале напишан лист.

Според опозицијата, целта е да се дефокусира целата расправа за измените и дополнувањата на изборниот законик според препораките ОБСЕ. Според предлогот на власта, а спротивно на препораките, министер и заменик министер и во иднина доколку се кандидати ќе можат да ја извршуваат технички функцијата. Препораките за прочистување на избирачкиот список, најголемиот проблем на сите избори, воопшто не се ни ставени.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски го повика Амди Бајрам во својот кабинет да види од кого е пораката.

Процедурално реагираше пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска која на претседателот на собранието му укажа „да не се злоупотребува колегата и ваш коалиционен партнер Амди Бајрам за вашите игри и да се дефокусира вниманието од катастрофалната состојба“.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година