Закани со палење на куќата во Битола

Од:

Закани со палење на куќата, при заканувачите што фрлиле и скршиле стаклено шише вчера во Битола, информира полицијата. Напаѓачите, велат од СВР Битола, досега биле пријавувани за кражби и разбојништва.

М.А. фрлил едно стаклено шише во дворното место и истото удрило и се скршило во фасадата од куќата, во близина на неговата осум годишната ќерка која се наоѓала во тој момент во дворот и на К.С. му се обратиле со заканувачки зборови.

Полицијата излегла на лице место, но кога заминала од местото на настанот, М.А. повторно се вратил кај К.С. и му се заканил дека ќе соберел луѓе и ќе му ја запалел куќата.

По целосно расчистување на случајот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава. Осомничените минуваат во евиденција за извршени кривични дела „кражби”, „тешки кражби” и „разбојништва”, додека лицето М.А. минува и за сторено кривично дело ”напад врз службено лице при вршење разботи на безбедноста”.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа