Закани по живот за уставни судии, претседателот Костадиновски пријавил во МВР

Од:

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд информираше судот.

– Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии. Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите, се вели во известувањето од Уставен.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат