Закани до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од насилниците во Собранието: Вие сте предавници!

Од:

Дел од демонстрантите кои на „крвавиот четврток“ влегоа во Собранието и физички ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство, преку социјалните мрежи сега упатуваат закани и до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од најзабележителните од демонстрантите, кој што во Собранието упадна со црна маичка со симболите на усташката НДХ, кој на Фејсбк се потпишува како Владо Георгиев Черноземски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги прогласи за предавници.

– И вие добивте кривични што како пи**и седевте додека ја пееја албанската химна или само ние што дојдовме уср***от г** да ви го переме? Од нас се оградувате и не осудувате како насилници! Јас се оградувам од вас и ве прогласувам за предавници! Ние сме вмровци, вие сте пи**и и комуњари преоблечени во комити, пишува во овој статус, а слична реторика може да се забележи и во коментарите под овој пост.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија