Закана за бомба и во Народна банка, евакуирани вработените

Од:

По дојавите за бомби во девет скопски средни училишта, утрово во МВР била пријавена закана за бомба и во Народна банка.

„Денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Дојавите за бомби во средните училишта во МВР биле пријавени половина час претходно. Учениците се евакуирани и на терен работи единицата за антитероризам.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра

Инфлацијата 4,1 отсто во 2025

Катерина Ѓуровски

Седница на Советот на Народната банка: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Каматата на кредитите во ноември 4,80%, на депозитите 2,18%

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти