Зајкова: Усвоивме програмски правци и либерални решенија за секој граѓанин

Од:

Храбра визија за просперитетна, правична и одржлива иднина како програмски правци со либерални мерки и решенија кои се однесуваат на секој граѓани, беа усвоени викендов во Охрид од страна на членовите на Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија, а кои ќе бидат презентирани на претстојната Тематска конференција која ќе се одржи на 16-ти септември во Македонскиот народен театар.

-Нашите приоритети се и секогаш ќе бидат образованието, економијата, човековите права, борбата со корупцијата и реформите во правосудство, животната средина, безбедноста, здравството, социјалната заштита, спортот. Нудиме нови либерални мерки, но и остануваме доследни на досегашните заложби, со цел да градиме не само по просперитетно, туку и прогресивно, правично и еднакво општество, истакна претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Таа потсети дека образованието од најрана возраст и силниот образовен систем е основата на една просперитетна демократија и токму затоа се потребни реформи кои ќе значат градење на здрави и квалитетни генерации кои ќе ја движат Македонија напред, а не демотивирачки систем кој ги тера својата иднина да ја бараат во европските земји и САД.

– Во здравството гледаме голем број неправди кон пациентите, намалување на медицинскиот персонал, а со тоа и се полоши здравствени услуги. Токму затоа нашата цел е да обезбедиме пристапна и висококвалитетна здравствена заштита, но и реорганизација на организационата поставеност, рече Зајкова.

Таа додаде дека иницијативите на ЛДП поврзани со урбанизмот ќе имаат приоритет на одржлив развој предводен од заедницата. Почитување на човековите права и еднаквост се темелот за среќно и прогресивно општество кое нуди можности за сите.

-Без силен правосуден систем, ослободен од политички влијанија нема напредок, ниту држава, затоа се неопходни мерки кои ќе значат реформирање на правосудниот систем. Спортот и културата е темелот на здраво општествено ткиво. Еколошката одржливост ќе биде проткаена во секоја одлука што ја носиме, чувајќи ја нашата планета за идните генерации. Крајно време е да креираме политики што ќе значат целосна реформа на системот и градење на просперитетна држава со среќни граѓани, заклучи Зајкова.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

Зајкова: ЛДП е доказ дека изборот не е само лево или десно – изборот е меѓу стари навики и нова одговорност

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски