Зајкова: Треба да се регулира пристапот до апликации и игри кои промовираат насилство

Од:

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова смета дека треба да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Вели дека ако има регулација, тоа не значи дека станува збор за одредена цензура, затоа што целта е да се заштитат повисоки добра.

– Ние сме сведоци на она што се случува со нашите деца. Македонија исто така имаше човечки жртви од користењето на оваа апликација и апсолутно се наметнува потребата не само „тик ток“, туку да се регулира просторот при пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Постојат механизми, алгоритми што можат да ја детектираат содржината и да ја банираат односно да оневозможат пристап до таа содржина, изјави Зајкова денеска одговарајќи на новинарски прашања.

Посочи дека оваа социјална мрежа е забранета и во некои од најлибералните држави во светот, но она државата треба да го направи, според неа, е да се процени во кои закони треба да се интервенира и на кој начин би била регулацијата, затоа што, вели, и сега има забрана за пристап до одредени содржини за лица под 18 години, но тоа не функционира.

– Не сметам дека треба да останеме во земјите што сега седат со скрстени раце и не превземаат ништо по однос на овие прашања затоа што гледаме што се случува во регионот. Не значи ако имаме регулација дека станува збор за одредена цензура или помалку демократија затоа што имаме повисоко добро да заштитиме, рече Зајкова.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство