Зајкова: Повикувам на политички разум и проактивност, затоа што друга држава немаме

Од:

Факт е дека патот на нашата земја од осамостојувањето до денес бил трнлив и се уште е трнлив, земјата направи многу отстапки за денес да бидеме онаму кај што сме. Да не беа важните одлуки кои сме ги носеле, денес ќе ја немавме ниту визната либерализација, немаше да бидеме земја членка на НАТО, можеби немаше да може да живееме во мир, истакна денеска претседателката на Либерално-Демократската партија Моника Зајкова на панел дискусијата „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската Унија?.

„Оправдани се негативните емоции на граѓаните кон Бугарија, поради сето тоа што ни го прави, но ние не треба да застраниме од нашиот пат. Пат кој никој не може да ни гарантира дека ќе биде поплочен со мермер, но по кој мораме да се движиме доколку сакаме напредок и системски реформи“, рече Зајкова.

Таа истакна дека почетокот на преговорите по поглавја, без можност некој да го блокира истиот е момент кој мораме да го препознаеме и поддржиме бидејќи видовме дека политичките партии не можат да најдат консензус заедно да го реформираат општеството па токму поглавјата треба да придонесат за воспоставување на стандарди во секоја област: правосудството, за кое недозволиво е судските процеси за некој да траат повеќе од нивниот животен век, а за некој да застарат, реформи во администрацијата поточно мал, добро платен, ефикасен сервис за граѓаните, високи стандарди во животната средина, образованието итн.

„Несомнени се придобивките на Македонија од Европската унија, но факт е дека и ЕУ има придобивки од Македонија. Ние сме земја која што е геостратешки добро позиционирана, нуди економски, земјоделски потенцијал и приказна, можности за туризам, поволна инвестициска клима и поседува интелектуални капацитети. Секој од нас се нашол на момент во животот кога требал да донесе важна одлука, од која резултатот бил неизвесен, но на долг рок се покажала исправна. На нас е одговорноста да носиме одлуки бидејќи додека ние политичарите, се охрабруваме и надмудруваме, граѓаните се охрабруваат да си заминат. И на крајот ние можеме без се, но не и без субстратот на државата, а тоа се граѓаните. Повикувам на политички разум и проактивност, да ги водиме процесите согласно интересите на државата, а не партиските интереси, бидејќи одредени партии денес постојат, но по извесно време можеби нема да постојат, но друга држава немаме!“, потенцираше на крај Зајкова.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа