Зајкова од Копенхаген: Автократските владите може да бидат закана за слободата и демократијата

Од:

Гледаме што се случува во срцето на Европа (војна). Исто така во 21 век постојат пратеници во европскиот парламент кои доаѓаат од редот на земји членки на унијата што негираат право на самоопределување и постоење користејќи го правото на посилниот и тоа го доведува во прашање принципот на демократијата и европските вредности. Демократските структури постојано се ослабуваат, а демократските процеси се сведуваат на владини процедури, плебисцити и работа за односи со јавноста. Способноста на демократската политика да се наметне против економската моќ е намалена, истакна претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова на панелот „Потенцијалот на трансформативните движења, граѓанското општество и прогресивните партии” во Копенхаген како дел од конференцијата „Западен Балкан и ЕУ предизвици и можности“ организирана во соработка со Советодавната група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG), Европскиот фонд за Балканот (EFB) и трите клучни дански политички партии, Социјалдемократите, Либералната партија и Зелената левица.

Според Зајкова мораме многу да бидеме претпазливи какви Влади бираме, бидејќи сведочиме како автократското владеење може да ги задуши слободите и правата и да не однесе во изолација. Владите може да бидат закана за слободата.

– Затоа кога зборуваме за улогата на Владата, не смееме да заборавиме дека Владата секогаш и суштински мора да биде во служба на поединецот, а не обратно. Целта на владата е да го спроведе законот за граѓаните преку обезбедување и заштита на правата на луѓето. Тоа го прави со зачувување на нивните животи и слободи од насилството на другите. Тоа е слобода од деспотската и предаторската доминација на некои поединци над другите, вели таа.

Зајкова истакна дека голите популисти промовираат култура на зависност и играат со емоциите на луѓето, нашата прогресивна политика мора да се фокусира на помагање на луѓето да го креираат својот свет со свои напори – во соработка со другите, да му дадат ново значење и да го вратат духот на заедницата. Игнорирањето на разликите не е решение, никогаш не било, но соочувањето со нив и обидот за нивно решавање заедно со другите играчи во општеството е.

– Способноста за соработка сè уште е главниот ресурс на модерната моќ и капацитетот за обликување на светот во кој живееме. Мора да се концентрираме на создавање и зајакнување на кооперативни и инклузивни институции, искрени добрососедски односи и регионална и меѓународна соработка. Прогресивните движења, либералните и левите партии мора да се стремат кон обликување и користење на државните институции за развој на општествата и демократијата. Она што можеме да видиме е дека земјите од Западен Балкан покажуваат волја и спремност за прогрес и интеграција, но не често ЕУ јасно покажува отвореност за нивно целосно вклучување во соработката и системот на одлучување, заклучува Зајкова.

Еден од говорниците на панелот за млади насловен „Предизвиците на довербата и трансформацијата на Западниот Балкан” беше и младиот европски амбасадор, Иван Дургутов од Македонија, кој се осврна на потребните нешта и чекори за вистинска европеизација на Македонија и регионот, но и за тоа што се очекува од ЕУ како вредност и поддршка на тој пат.

Завршни зборови на настанот ги имаше данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен во насока на притискање за пристапување во ЕУ и поддршка на демократијата во Западен Балкан.

Целта на конференцијата беше политичарите да дебатираат за можностите и пречките за земјите од Западен Балкан кон напредок во пристапувањето во ЕУ преку дијалог меѓу креаторите на политики, активисти и аналитичари од Данска, ЕУ и Западен Балкан и како да се направи процесот на интеграција на Западен Балкан поопиплив, приближувајќи го регионот до ЕУ и како Данска може да го поддржи процесот.

Оваа конференција се реализираше со финанасиска поддршка на Данскиот институт за партии и демократија во партнерства со данските политички партии и политичките партии од Западен Балкан, како и Европскиот фонд за Балканот.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Зајкова: Бесплатен оброк за сите учениците, бесплатна ексурзија, 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој средношколец

Зајкова во Софија: Ни треба Европа обединета и стабилна, со променет пристап за проширување

Зајкова: Итно да се донесат измените на Законот за платежни услуги

Горан Наумовски

Зајкова на средба со Бушез: Имаме обединета визија за Европа, која го опфаќа нејзиното реформирање, раст и проширување

Зајкова: Итно да се донесат измените на Законот за платежни услуги за да се прекине остварување на профит врз грбот на граѓаните од страна на банките