Зајкова на средба со Бушез: Имаме обединета визија за Европа, која го опфаќа нејзиното реформирање, раст и проширување

Од:

Во духот на европското единство, предизвиците и можностите претседателката на Либерално-Демократската партија, Моника Зајкова во Брисел се сретна со влијателниот Жорж-Луј Бушез, лидер на Движењето Реформатор.

Двајцата лидери изразија оптимизам за процесот на проширување, нагласувајќи ја важноста да се направи ова час поскоро. Пристапувањето во фази е исто така чекот кој може да го врати оптимизмот на земјите-членки.

-Нашиот состанок е доказ за кооперативниот дух на европските лидери. Ние стоиме заедно во замислата за Европа која постојано се реформира и проширува согласно своите идеали, инклузивност и потенцијал, рече Зајкова.

Бушез на средбата со Зајкова ја истакна важноста од континуиран, стратешки и обмислен процес на проширување на Европската унија како и прифаќање на нациите кои споделуваат европски идеали и вредности, за поттикнување на единството и зајакнување на европскиот проект.

Друга клучна точка беше неспорното значење на либералите во обликувањето на Европа.

Зајкова и Бушез се осврнаа на тоа дека либералната агенда, со нејзиниот фокус на индивидуалните слободи, отворен пазар, даночни и социјални реформи и борбата против корупцијата, продолжува да игра клучна улога во креирањето на подобар систем и модерна, прогресивна Европа.

Точка на разговор беа и Европските избори и изборите во Белгија, како и можностите за трговска и образовна соработка меѓу Македонија и Белгија.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

Зајкова: ЛДП е доказ дека изборот не е само лево или десно – изборот е меѓу стари навики и нова одговорност

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски