Мојата генерација е онаа која највеќе влегуваше во ЕУ и растеше со ЕУ и најмногу низ таа генерација се шири евроскептицизам и затоа се потребни конкретни чекори. Процесот го почнавме, но постои сомнеж дека тој ќе се развие, а истото чувство го имаат и другите граѓани од Регионот, рече Моника Зајкова, пратеничка и идна претседателка на ЛДП за време на регионалната либерална конференција „ QVO VADIS EVROPA 2022?-Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ.
-За танго се потребни двајца, а овој процес е двонасочен, и затоа апелирам ЕУ да направи мали или големи чекори граѓаните на Западен Балкан, за да докаже дека сме под ист покрив, а тоа се визната либерализација и патувањата за земјите од Западен Балкан да бидат под исти услови, но и една од иницијативите е да се намалат цените за роаминг, додаде таа.
Зајкова рече дека Северна Македонија презеде многу чекори, можеби и ирационални барања, но не отстапи од патот дека ЕУ бидејќи тоа е сојуз во кој треба да учествуваме.
-Покажавме и желба и волја за реформирање, ги признаваме слабостите, знаеме на што треба да работиме, меѓутоа и ЕУ мора да се одважи со конкретни активности бидејќи зборови и признанија во моментов многу не им значат на граѓаните, рече Зајкова.
-На Балканот имаме многу ветувања кои доаѓаат од институциите, направивме многу грешки бидејќи пораките не беа пренесени на вистински начин и беа давани многу лажни ветувања за земјите од Западен Балкан, а тоа ја слабее ЕУ пред очите на граѓаните, рече европратеникот Илхан Ќучук на регионалната конференција.
Тој додаде дека и ЕУ ќе се реформира, а сега и поинаку гледа на земјите од Западен Балкан, но не сакам оваа нова новата идеја за Европска Заедница која произлезе од Макрон, да биде замена за Унијата за земјите од Западен Балкан кои не заслужуваат да бидат уназадени.
-Ние сме ваши пријатели и може да потврдиме дека шесте земји од Западен Балкан се членови на европското семејство и мора да се приклучат кон ЕУ иако Франција не беше многу заинтересирана на овој регион, но сега може со сигурност да кажам дека Западен Балкан е следен приоритет на земјата и на новата влада од која ние како либерали сме дел веќе шест години и продолжуваме и понатаму, рече Лилијана Танги, пратеничка и членка на комисијата за надворешни работи во Франција.
Според неа европската заедница е добра политичка платформа и преку неа граѓаните ќе почувствуваат дека ЕУ дава поддршка и ќе има дијалог на различно ниво и сите може да дадат предлози и придонес за да се промовира либерална и солидарна Европа која на тој начин ќе биде посилна.
-Европската заедница беше предлог на претседателот Макрон, бидејќи Франција смета дека за напредокот во поглед на пристапувањето и процедурите за станување членка ќе биде потребно време за земјите од Западен Балкан и дека земјите прават се што можат, но за да не се обесхрабрат граѓаните, потребни конкретни резултати, додаде таа.
Таа појасни дека оваа заедница ќе донесе конкретни проекти за инвестиции кои треба да го подобри животот и тоа ќе ја помогне интеграцијата на овој регион во ЕУ и ќе се подобри стандардот и ќе има надеж затоа што во Западен Балкан има талентирани луѓе кои ја напуштаат земјата, особено младите, а задачата на ЕУ е да им се даде можност и перспективи за да останат во своите земји.
-Постојат многу апсурди во рамки на Европската унија што без разлика дали е мала и голема земја која се обидува да блокира друга земја, а особено е ризично бидејќи имаме и сериозна криза во моментот поради војната во Украина и економијата, а тоа се однесува на Западен Балкан, да не се фокусираме на мини шенгени и мали заедници туку да биде голема заедница, наместо мини шенген да има голем шенген, вели Јулијан Булаи пратеник и претседател на АЛДЕ ПССЕ во Романија.
Потребна е дискусија и најголем проблем прави ветото, бидејќи понекогаш се злоупотребува, а главната цел е граѓаните да ги почувствуваат придобивките.
-Еве на пример во примерот со Шведска, ние ги поддржавме кога посакаа да бидат дел од НАТО, а сега пред три недели тие ги блокираат Романија и Бугарија да станат дел од шенген зоната, додаде тој.