Зајкова: Лагите од ДПМНЕ за мене зборуваат за нивната очајност за политички поени

Од:

За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен. Денешните напади од страна на Стоилковски против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ, се вели во реакцијата на Моника Зајкова, пратеничка од редовите на ЛДП.

„Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина.

Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови.

Сакам да му порачам на колегата од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава.

Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови.

Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња“, вели Зајкова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски