Зајкова: Конечно место гол популизам и национализам, зборуваме за идеи и поддршка на квалитетни луѓе кои развиваат бизниси

Од:

Европски би изгледало општеството кога наместо гол популизам, секојдневна политика и национализам, би се разговарало за квалитетни луѓе кои креираат бизниси. Затоа разговараме за овозможување на услови кои ќе значат развој на младинското претприемништво и стартапите кои можат да придонесат до отворање на нови работни места, развој на економијата, креирање на иновации, истакна пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова на презентацијата на 10. инвестиции поддржани од акселераторот УКИМ.

– Поддршката за стартапи во стратешки сектори за државата е клуч за обезбедување на финансиска стабилност и професионален раст за младите лица, а токму тоа претставува и една од стратешките цели определена во Националната стратегија за млади. Посветени сме на обезбедување на потребните ресурси, поддршката, законските можности и правната сигурност за надминување на предизвиците со кои се соочуваат стартапите. Само на овој начин преку соработка меѓу државните институции, академската заедница и приватниот сектор можеме да ја трансформираме нашата економија и да создаваме повеќе нови можности за сите, рече Зајкова.

Таа додаде дека е направена сеопфатна стратегија која вклучува посветени програми и иницијативи, пристап до финансирање и ресурси за поттикнување на соработката помеѓу Владата, академската заедница и приватниот сектор и промовирање на различноста и инклузијата, како и на создавање поволна регулаторна средина која ги поттикнува иновациите и претприемништвото.

Од 2021 година, во Македонија работат над 350 стартапи, а стартап сцената на Балканот рапидно расте и се развива. Сепак, стартапите во регионот сè уште се соочуваат со многу предизвици, вклучувајќи пристап до финансиска одржливост.

Стартапите се клучни двигатели на вработувањето, конкурентноста и економскиот раст и создавање средина за поддршка која ќе ги овласти младите иноватори и претприемачи да успеат.

Би можело да ве интересира

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

Зајкова: ЛДП е доказ дека изборот не е само лево или десно – изборот е меѓу стари навики и нова одговорност

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство