Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Од:

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, денеска го оствари своето право на глас во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.

По гласањето, Зајкова ги повика граѓаните да го искористат своето најмоќно демократско право – правото на глас.

„Денес ја исполнив мојата граѓанска обврска и го дадов својот глас за развој и подобра иднина на нашите општини и на Град Скопје. Важно е да одлучуваме разумно и одговорно, со мисла за иднината на нашите заедници. Посакувам победа на кандидатите со визија – на оние што нудат реални решенија, проекти и резултати за граѓаните“, порача претседателката Зајкова и додаде дека е време да сведочиме на вистински развој, а не на блокади и изговори кои ја кочат државата и ги чинат граѓаните милиони.

“Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас“, заклучува Зајкова.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори