Зајакнување на соработка во прекуграничниот регион на Шара

Од:

Групата на засегнати страни од прекуграничниот регион „Шара” денеска во Јегуновце го одржа својот последен седумнаесети состанок во рамки на проектот „Поттикнување на регионалната соработка и рамномерен регионален територијален развој на земјите од Западен Балкан во процесот кон ЕУ интеграција”.

Проектот е финасиран од ЕУ, а го спроведува постојаната работна група за регионален рурален развој со седиште во Скопје и регионалната канцеларија во Призрен. Покрај од Македонија и Косово во него учествуваат и претставници на локални власти, јавни институции, невладини организации, бизнис-секторот и други заинтересирани чинители и од Албанија.

– Прекуграничната соработка на овие институции и организации од прекуграничниот регион на Шара е многу важна за нивен развој и напредок особено во областите на земјоделството, алтернативниот туризам и се друго што може да придонесе во унапредувањето на овие рурални подрачја. Од трите земји се вклучени по неколку општини што се дел од овој прекуграничен регион и на овој начин сакаме претставниците од сите овие земји и институции да ги донесеме на едно место, да се запознаат меѓусебе за да се створи доверба за нивна понатамошна соработка. Веќе имаме неколку апликации со партнерства од овие земји што се чекори за продлабочена регионална соработка, изјави регионалната менаџерка на проектот Бојана Јовановска.

Главна цел на овој проект е зајакнување на соработката на овие чинители од трите земји на полето од земјоделството и руралниот развој како придонес во пристапувањето на овие држави во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски