Зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол во Скопје

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 200 возачи, алкотестирани биле вкупно 150 возачи , кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 144 мерки . Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози а против 2 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка .

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ