Захариев: Штип ќе добие нов и современ Противпожарен дом

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави изградба на нова зграда на Противпожарната единица, која ќе биде лоцирана меѓу населбите „8 ми Ноември“ и „Баби“, во близина на ОУ „Тошо Арсов“.

Захариев смета дека мора да се изгради нов објект за штипските пожарникари, бидејќи во текот на поплавите локалната власт и институциите го увидиле нивниот голем ангажман во справувањето со штетите и големата помош која ја дале на граѓаните.

– Бидејќи локацијата, каде што сега е Противпожарниот дом е навистина едно место каде што е многу населено, излезноста е мала и е тесно грло на овој простор, бидејќи планираме реновирање и изградба на нов булевар „Партизанска“ и локацијата која што е само на 50 -тина метри од местото каде што ќе биде овој булевар, ќе направиме екипата на Противпожарниот дом да биде мобилна, да биде ефикасна и во функција на граѓаните, рече Захариев.

Тој истакна дека проектот е реален, бидејќи чини 500.000 евра, од кои 250.000 евра ќе ги обезбеди општината, а останатите средства преку други извори и донации.

Директорот на ЈП „Штип проект“, Александар Шумански најави дека веќе се работи на главниот проект и на урбанистичкиот план за Противпожарниот дом, а веќе за неколку месеци ќе биде одобрена и градежната дозвола за почеток на изградбата на новиот објект на Противпожарниот дом.

Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиски потенцира дека е горд што Штип ќе добие нова зграда на Противпожарниот дом, кој ќе биде и регионален центар за обука на пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада